Повеќе од две илјади демонстранти стигнаа пред зградата на Владата. Присутните симболично фрлаат пари кон зградата во знак на револт од изградените споменици, наспроти најавите за нови давачки за хонорарците и извикуваат „Доста нè крадете“, „Доста беше молк“ „Социјална правда“.
Организаторите на протестот и потписници на Повелбата за солидарност се обратија кон насобраниот народ.
Протестот почна од „Жена парк“ , а стана уште помасовен додека присутните се движеа од Собранието кон Владата.