Во доцните 1960-ти години, познатиот издавач Леон Амиел нарачал од славниот Салвадор Дали дизајн за секој од дванаесетте знаци на зодијакот. Неколку години подоцна, познариот уметник направил тринаесет потпишани литографии (заедно со насловната страница) кои ги објавил само во 250 примероци.
Оригиналните изданија и денес повремено можат да се најдат на разни аукции, по прилично високи цени.
Без разлика дали веруваат во астрологијата или не, голем број луѓе во целиот свет ги ценат хороскопските знаци насликани од Салвадор Дали, кој е вистинска икона на минатиот век.
Извор: Окно