Илјадници граѓани, спортски фанови и поддржувачи синоќа на плоштадот „Македонија“ ги пречекаа европските шампиони – ракометарите на РК „Вардар“.
Пречекот на ракометарите на „Вардар“ почна на Меѓународниот аеродром Скопје, каде беа пречекани од членови на нивните семејства, многубројни новинарски екипи и навивачи. Ракометарите потоа се возеа по градските улици до плоштадот „Македонија“ каде што се случуваше централната прослава во организација на Град Скопје.
Оваа е втора европска титула во историјата на РК „Вардар“ по освојувањето на ракометната Лига на шампиони во сезоната 2016/17. Тимот го повтори овој успех откако успеа да го победи „Веспрем“, со резултат 27:24, во финалето на Ф4 турнирот во Келн. Претходно ракометарите направија неверојатен пресврт во полуфиналето, во кој ја совладаа „Барселона“, во меч во кој РК „Вардар“ имаше и седум голови разлика во еден момент.
Во продолжение погледнете дел од атмосферата низ фотографиите на Град Скопје: