Повеќето од нас брзаат низ секојдневниот живот без да ги забележат убавите работи околу нас. Холандската илустраторка Тинеке Меиринк нуди креативен и разигран начин за доживување на нашата околина – само застанете и гледајте, вели таа.
Нејзиниот блог „Стоп: Гледај“ ја скокотка фантазијата со збирка едноставни улични предмети на кои им дава живот со додавање минимална дигитална илустрација.
На нејзината веб-страница, уметницата ја прикажува навидум неинтересната оригинална слика и нејзината изменета верзија.
„Секогаш има нови работи за откривање кога ќе го погледнете светот малку поблиску. Отворете ги очите и видете, инспирацијата е насекаде“, вели Меиринк.
Ова се дел од нејзините креации, објавени преку BoredPanda: