Мадридската компанија за графички дизајн Tata&Friends осозна дека голем број од познатите бендови имаат смешни имиња.
Поради тоа, за последниот проект насловен „Rock Band Icons“, направи мала шега со новиот концепт минималистички постери на кои се прикажани имињата на бендовите и нивното значење.
Резултатот е мошне забавен, а целиот сет постери наскоро ќе се најде на продажба . Погледнете дел од овие „ремек дела“ на Tata&Friends.