#Inktober е предизвик што се случува секој октомври низ целиот свет. Во текот на месецот, уметниците секојдневно користат уникатни техники на цртање со мастило.
Оваа акција започна во 2009 година како предизвик на американскиот илустратор и аниматор Џејк Паркер за самиот себе со цел да ги подобри своите вештини и да развие позитивни цртачки навики. Предизвикот беше секој ден да направи по еден цртеж. Четири години подоцна, тој јавно го претстави предизвикот за да ги охрабри и другите цртачи да се приклучат. Акцијата се прошири низ целиот свет и илјадници уметници секоја година се приклучуваат масовно.
Во овој предизвик се приклучи и Магдалена Стефаноска, која реши мајчинството да го претстави низ цртежи за секојдневните авантури со нејзиниот син. Во продолжение, погледнете дел од нејзините цртежи, како и на уметниците од целиот свет.