[Галерија] Иранките преку Фејсбук велат НЕ за хиџабот

Фотографиите од ирански жени на плажи, во ресторани, на улица или по планините и парковите каде тие не носат марама врз косата станаа многубројни благодарение на неодамнешната кампања на Фејсбук.

[Галерија] Иранките преку Фејсбук му велат НЕ на хиџабот

Повеќе од 100 илјади следбеници за десетина дена привлече Фејсбук страницата иницирана од иранската новинарка Масих Алинејад која живее во егзил во Велика Британија и која ги повика Иранките да ги испратат своите фотографии без традиционалниот хиџаб.

„Додека живеев во Иран, го вадев хиџабот на кое било место на кое можев и се прашував колку други жени го прават истото. Излезе дека ги има многу“, вели Алинејад.

Во денешен Иран, моралната или верската полиција замижува на некои престапи: жените и мажите одржуваат врски, некои од нив дури и живеат заедно невенчани. Фејсбук е забранет, но владата главно го игнорира фактот дека 4 милиони Иранци секојдневно го користат.

 [Галерија] Иранките преку Фејсбук му велат НЕ на хиџабот

[Галерија] Иранките преку Фејсбук му велат НЕ на хиџабот

[Галерија] Иранките преку Фејсбук му велат НЕ на хиџабот

6

[Галерија] Иранките преку Фејсбук му велат НЕ на хиџабот

9

Извор: Окно/en.iranwire.com