[Галерија] Избор на фотографии за 2024 година од македонски фото-репортери

Побаравме од фото-репортери од Македонија да ги изберат најдобрите нивни фотографии за годината што изминува. Меѓу фотографиите што ни ги испратија доминираат традиционални, политички, спортски и верски настани, но и најразлични фотографии од други настани кои ги регистрирале преку нивните објективи.

Во прилог погледнете ги фотографиите на седум македонски фото-репортери:

Водици во село Битуше – 19 јануари / фото: Томислав Георгиев

Снег на Леуново – 8 декември / фото: Томислав Георгиев

Рибари на изгрејсонце во Дојран – 2 февруари / фото: Томислав Георгиев

Инаугурација на Гордана Силјановска-Давкова во Собранието, првата жена претседателка на Македонија, пред народот (медиумите) и верските лидери во 21 век – 12 мај / фото: Маја Јаневска-Илиева

Канадер полни вода од Охридското Езеро за гаснење шумски пожари додека капачите го користат празничниот викенд за разладување – 2 август / фото: Маја Јаневска-Илиева

Спортисти во колички тренираат кошарка во салата „Јане Сандански“ во Скопје, со силна посветеност и желба во иднина да ја претставуваат Македонија во репрезентативна конкуренција – 15 март / фото: Маја Јаневска-Илиева

Примопредавање на функцијата Претседател – 12 мај / фото: Арбнора Мемети

Вековен обичај, Џоломари. Се одржува во ноќта меѓу 13 и 14 јануари во кавадаречкото село Бегниште. Учествуваат десетина мажи, преправени во страшилишта, чија цел е да ја избркаат старата година и да ја дочекаат новата со желби за пород и успех. Облеката е автентична и во некои случаи стара и повеќе од еден век – 14 јануари / фото: Тоше Огњанов

2. Обичај – Велигденски кули. Се одржува во Македонски брод. Потекнува од периодот на османлиското владеење. Возобновен е во втората половина од 20. век. Мештани од Мк.Брод градат т.н. кули од луѓе. Се одржува на вториот ден од Велигден. Вкупно се пет кули и ја симболизираат истрајноста на народот против османлиите – 6 мај / фото: Тоше Огњанов

3. Вековен обичај – Бамбурци. Се одржува само во село Ратево, Берово. Млади мажи во ноќта на водици (19 јануари) наметнуваат на себе кожи и крзна од животни и преправени шетаат низ селото. Симболиката е да се избркаат болестите од селото. Тоа е врзано со верување дека „страшилиштата“ помогнале некогаш во минатото да се спаси селото од чума. Обичајот завршува со оро на сретсело следниот ден, на 20 јануари – 20 јануари / фото: Тоше Огњанов

Протест на 2 април / фото: Петр Стојановски

Навивачката група „Комити“ на натпревар во Битола – 3 ноември / фото: Петр Стојановски

 

Најголемиот стадион за ракомет во Дизелдорф за време на Европското првенство во ракомет – 10 јануари / фото: Петр Стојановски

Комета Атлас – 15 октомври / фото: Наке Батев

Коњи во Љубаништа – 4 август / фото: Наке Батев

 

„Sun project“ забава во Велес – 30 јуни / фото: Наке Батев

Орион куп мини – 29 септември / фото: Вангел Тануровски

„Госпоѓиците од Авињон“ – 11 април / фото: Вангел Тануровски

Концерт на Калиопи – 19 октомври / фото: Вангел Тануровски

Мартин Колоски