Замислете ако одеднаш се смалиме и светот околу нас стане огромен. Како би живееле?
Токму ова прашање е креативниот двигател на јапонскиот уметник Татсуја Танака, кој прави минијатурни диорами на кои се гледаат смалени луѓе во голем свет. Татсуја создава креативни и забавни сценарија користејќи секакви материјали, од храна до канцелариски материјали, па до технолошки уреди. Тоа го прави секој ден веќе седум години. Делата се преточени и на календар.
Целта на овие диорами е да го подигне расположението на луѓето, да ги инспирира, да прикажат убави локации на уникатен и оригинален начин, но и да им покажат колку се мали во споредба со се’ што се случува околу нив.
Погледнете дел од галеријата што е објавена на boredpanda: