Југодом, „музеј за престој“ лоциран во населбата Дорчол во Белград, е идеја на кустосот и уметник Марио Милаковиќ.
Станува збор за „стан во форма на музејска колекција и музеј во форма на стан“, вели Милаковиќ за Before After. Лоциран е во Дорчол, во една од „воените згради“ изградени кон крајот на 50-тите години на минатиот век.
Музејот претставува омаж на југословенскиот дизајн во 60-тите и 70-тите години, кинематографијата и работничката класа.
Југодом е наменет за краток престој и сака на гостите да им понуди искуство кое произлегува од рамките на класичното преноќиште, преку лично доживување кое се протега од чувствата на носталгија, вели Милановиќ.
Деведесет проценти од содржината (мебел, декорации, сувенири итн.) во Југодом се направени во Југославија.
„Инспирацијата е директна последица на мојата љубов кон средовековниот модерен дизајн, а со самото тоа и на дизајнот од тој период на овие простори, на полето на ентериерот. Исто така, голема инспирација е и југословенската дрвена индустрија, односно индустријата на мебел. Факт е дека тоа што се наоѓа во Југодом е произведено во поранешна Југославија, од локални сировини, дизајнирано од страна на тогашните домашни дизајнери и направено од вешти и вредни раце на тогашната работничка класа“, додава Милаковиќ.