[Галерија] Како се одвиваше снимањето на „Врба“ на Милчо Манчевски

По два месеци интензивна работа, заврши снимањето на „Врба“, најновиот филм на македонскиот режисер Милчо Манчевски.

Станува збор за неговиот шести долгометражен филм, во продукција на „Банана филм“ и е македонско – унгарско – белгиска копродукција, со учество и на Албанија.

Снимањето се одвиваше низ различни локации на живописниот прилепски регион и на препознатливи локации низ Скопје. Сега е во постпродукциска фаза.

„Врба“ е љубовен филм за денешни и дамнешни души. Испреплетени приказни за љубов и доверба – од македонското средновековие и од македонската сегашност – се огледуваат и се во контраст една со друга. Иако ги раздвојуваат векови, ликовите во „Врба” имаат слични грижи, радости и соништа.

Во него играат: Никола Ристески, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев, Камка Тоциновски, Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова Периќ и други.

Директор на фотографија е Унгарецот Тамаш Добош (Támas Dobos), дизајнер на продукција е долгогодишниот соработник на Манчевски, Британецот Дејвид Манс (David Munns), за костимите се задолжени Жаклина Крстевска и Ѓерѓи Сакач (Györgui Szakács) од Унгарија, асистент на режија е Никола Ивановиќ од Србија, а кастинг директорка е Милка Анчевска.  Продуцент е Јане Ќортошев, а извршен продуцент е Ник Пауел (Nik Powell).

Филмот го монтира белгијанецот Матијас Верес во координација на Манчевски во скопското студио „Пигменто“, кое е во сопственост на Ванчо Мираковски, одговорен за целосната финализација на филмот.

Во продолжение, дел од атмосферата во која се одвиваше целиот процес зад камерите.

Продуцентот Јане Ќортошев со копродуцентката од Унгарија Елеонора Петак

Снимањето на приказната од 17-ти век во мариовскиот крај

 

Режисерски инструкции

Камка Тоциновски и Петар Царановиќ

Подготовки на актерката Наталија Теодосиева

Наталија Теодосиева

Манчевски заедно со директорот на фотографија Добош

Директорот на фотографија унгарецот Тамаш Добош

Од снимањето во Мариовскиот крај

Тамаш Добош

 

Актерските Сара Климоска и Ратка Радмановиќ

Актерскиот тандем Климоска Ристески

Актерот Никола Ристески

Актерот Ненад Нацев

Еден од чудесните зајдисонца за време на снимањето на Врба

Снимање во центарот на Скопје

Петар Мирчевски

Филмот се монтира во студио Пигменто на Ванчо Мираковски