Повеќе од половина милион посетители беа дел од геј парадата во центарот на Ванкувер, во канадската провинција Британска Колумбија која беше отворена од страна на самиот премиер на Канада, Џастин Трудо.
Облечен во светло зелена кошула и бели панталони, премиерот Трудо со воодушевување беше пречекан од фановите кои се ракуваа со него и правеа „селфи“, јавија канадските медиуми.
„Денес ја славиме различноста, го славиме заедништвото, го славиме семејството и сите овие нешта заедно значат дека ќе имаме одлична парада на гордоста и е задоволство за мене да бидам тука,”изјави Трудо.
Je suis heureux d'être de nouveau parmi vous, et cette fois en tant que PM! #vanpride2016 pic.twitter.com/vp9KtaNxpL
— Justin Trudeau (@JustinTrudeau) July 31, 2016
За првпат на Парадата во Ванкувер, актуелен премиер излезе на марш заедно со сите присутни, но не е прв пат Трудо се приклучи на ваквите прослави. Тој на Парадата маршираше заедно со своето семејство.