Истражувачкиот Центар Ченгдеу во Кина освен што е најслаткото место на земјата е исто така и важно за преживувањето на загрозените панди.
Оваа „градинка“ за мали панди е всушност специјализиран центар на парење но и грижа, кој има за цел да ја ревитализира дивата популација на овој вид, кој се намалува и проценките се дека сега има само 1,864 панди.
Секоја панда е посебна, не само затоа што се преубави, туку и затоа што нивното размножување е тежок процес. Женските панди можат да се парат само 2-3 дена во годината, додека може да родат една панда на секои две години.
Извор: boredpanda.com