Второто издание на книжевното читање „Клинци“ во организција на младинското здружение „Култура Бета“ во петокот се случи по вторпат во просториите на Europe House во Скопје.
Четворицата млади поети Дамјан Златановски, Викторија Ангеловска, Драгана Стојадиновска и Софија Тодоровска читаа дел од својата публикувана и необјавена поезија. Во текот на вечерта беше поставена и изложба на младиот уметник Бојан Звездаковски.
„Инспирирани, испровоцирани, поттикнати од таквите мудри изреки, почнуваме со еден нов концепт на книжевни читања наречен ‘Клинци’. Секое издание ве запознаваме со четворица млади автори кои штотуку влегуваат во книжевната сцена, ве запознаваме со нивната поезија и проза, а секое издание ќе биде дополнето и со изложба!“, велат од „Култура Бета“.
Фото: „Култура Бета“