Илустраторот Дејвид Зин од Мичиген ги разубавува улиците низ градот Ен Арбор со цртежи со креда, уште од 1987 година.
Уметникот работи со креда или јаглен за да создаде дела кои се специфични и одговараат за одредена локација. Во нив инкорпорира други детаљи од околината, како дупки, улична инфраструктура, трева или предмети паднати на патот.
Многу од делата на Зин можат да се набават како архивски принтови, а неодамна објавил и компилациска книга наречена Temporary Preserves.
Извор: Colossal