Британскиот илустратор и аниматор Steve Cutts во своите дела ја нагласува девијантноста на модерниот начин на живеење, изразена низ феномените на конзумеризмот, суровиот материјализам и отуѓувањето предизвикано од технологијата. Илустрациите на Cutts, кои може да се сместат во жанрот на карикатурата, се шокантни и отрезнувачки, ставајќи ја во прв план димензијата на силната социјална критика.