[Галерија] ЛЕД хулахопи ги „осветлиja“ националните паркови во САД

Со желба да понудат поинтересно искуство од вообичаените пејсажи во САД, фотографот Грант Мелори и неговата свршеница Марија Јејкоб, ги искористија камерата, ЛЕД светилките и хулахопот. Нивните фотографии се резултат на тимската работа, со оглед на тоа што во нив се спојуваат интересот на Марија за хулахопите и оној на Грант за фотографирањето пејсажи.

Во секоја фотографија Марија си игра со хулахопот во некои од најпознатите национални паркови во САД, додека нејзиниот свршеник фотографира борејќи се со временските услови и останатите предизвици.

„Понекогаш врне врз нас, може да биде смрзнувачка, да сме опкружени со комарци, или пак да не ја најдеме позадината што сме ја очекувале“, вели Грант.

Сепак, додава, проектот продолжува поради крајниот резултат кој е импресивен. Погледнете дел од објавените фотографии:

 

Национален парк во Северна Дакота

Национален парк во Вашингтон

Национален парк во Орегон

„Golden Gate Bridge“ во Калифорнија

Национален парк во Јута