Фотографот Никита Шохов поминал две години сликајќи ги руските туристи на Црното море, во близина на познатите летувалишта Сочи и Анапа. Неговата серија „Одмор на Црното Море“ е несекојдневен приказ на класичниот летен туризам, обвиен во бои и носталгија. Овие фотографии наликуваат на делата од колекцијата „Последното летувалиште“ на британскиот фотограф Martin Parr од 1985, но темата погледната од денешен аспект, како и локацијата, ги прават оригинални.
Слично како и Parr, Шохов им приоѓа воајеристички на субјектите, сликајќи луѓе од работничката класа (често од зад грб) кои летуваат во домашните туристички центри.
До летувалиштата многумина стигнуваат со воз, кој патува илјадници километри низ пространствата на Русија.
Жестоки рејвови се одржуваат секоја година на плажите во Сочи, кои се популарна дестинација за младите Руси
Шохов фотографирал и дел од атмосферата на фестивалот Кубана. „Лудилото трае од самрак до зори“, цели тој.
Сочи годинава беше град-домаќин на Олимписките игри, за кои, според проценките, руските власти потрошија повеќе од 50 милијарди долари.
По три недели, овие луѓе се враќаат во централна Русија, на Урал или во Сибир, до следната година во исто време, вели фотографот Шохов.