Еван Лорензен е уметник од Колорадо деновиве објави нова книга, со големина многу помала од просечната. Книгата е долга не повеќе од 2.5 сантиметри, а цртежите во неа се уште помали.
„Life’s Lil Pleasures“ е последната микро книга на Лорезан, карактеристична по малите нешта кои го прават животот вреден за живеење. Прекрасната работа во неговите книги е тоа што тој успева преку книгата да пренесе убави спомени, силни емоции или длабоки мисли со користење на само неколку зборови. Придружните илустрации, особено со оглед на нивната големина, се убави и импресивни.
Лорензен првенствено работи со пенкало и мастило, но понекогаш користи и акварели, пишува „Bored Panda“.