Лорен Балеста е носител на титулата Фотограф на дивината за 2023 година за фотографијата од мистериозен потковица рак од „другиот свет“, пишува „Би-Би-Си“.
Златниот морски членконог е забележан како го гушка калливото дно во водите на островот Пангаталан во Филипините. Ракот е фотографиран во момент кога го следат три мали рипчиња со надеж дека движењата на ракот ќе придонесат да се изложи оброк на седиментот.
Балеста е вториот фотограф кој се стекнал со оваа награда два пати во 59-те години од кога се одржува натпреварот. Во 2021 година тој ја доби главната награда за фотографијата од трио риби – групер фотографирани во момент на парење.
Видот три ‘рбетен рак потковица преживел повеќе од 100 милиони години, но сега се соочува со уништување на живеалиштето и прекумерен риболов. Луѓе го ловат за храна и за неговата крв што се користи за креирање вакцини. Но, во еден мал морски резерват што се наоѓа околу островот Пангаталан тој ја добива потребната заштита.
Седумнаесетгодишниот Кармел Бечлер ја освои титулата Млад фотограф на дивината.
Погледнете ги и фотографиите во другите категории:
Фотографии: Wildlife Photographer of the Year