Кањонот Матка е еден од најрепрезентативните природни локалитети во Македонија, кој се наоѓа на 15 километри југозападно од Скопје. На површина од околу 5.000 хeктари, кањонот претставува мозаик од различни геолошки и биолошки вредности. Матка е резерват на голем број реликтни и ендемични растенија и животни. Од вкупно 1000 растенија, околу 200 се ендемити или реликти. Но поради големиот притисок од посетителите и негрижата од управувачот на кањонот – Град Скопје, Матка ја губи природната вредност.
И покрај големиот број канти за отпадоци, отпад има речиси на секој чекор.
Див паркинг има и веднаш до патеката над хидросистемот.
Во оваа зона се забранети моторни возила, но посетителите сепак возат.
Покрај биолошките, Матка има и големи геолошки вредности кои не се сочувани.
Градењето низ кањонот изгледа неконтролирано, а градбите го нарушуваат пејзажот.
Едукативните и информативните табли не можат да се забележат од активностите на угостителите.
Пловидбата со моторни чамци и изнајмувањето на кајаци делува неконтролирано и опасно.
На Матка растат дури 7 меѓународно загрозени растенија и 9 локални и национални ендемити.
Извор: Само прашај