Јапонскиот уметник и фотограф Тацуја Танака изработува минијатурни сцени во стилот на диорама, во кои малите предмети се ставени во интересни, креативни контексти. Проектот е наречен „Минијатурен календар“ и содржи по една слика за секој ден во годината. Танака има и страници на Фејсбук и Инстаграм, каде ги споделува овие несекојдневни мали парчиња уметност.