[Галерија] Млади уметници цртаа мурали во дворот на Кинотека

Викендов дворот на Кинотека во Скопје доби мурали инспирирани од домашни и странски филмови. Тие се изработени од 20-тина млади уметници кои учествуваа на првото издание на Фестивалот за урбана уметност МУРАЛ.

Покрај муралите, се одржа и изложба на дела на дипломираните фотографи и уметници од ЕСРА, Соња Ставрова, Ема Вељановска, Ирина Крстевска, Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов.

Како дел од музичката програма учествуваа Арт Хаус Карев и Три Дена Култура, а настапија и бендовите „Гола планина“, „Cut Your Nipple“, „Хајка“ и млади домашни диџеи.

Во продолжение, погледнете ги муралите на младите уметници: Матеа Грнчароска, Воскресија Андреевска, Раде Радевски, Марија Здравковска, Андреа Лекоска, Ива Ѓорѓиевска, Дејан Јоноски, Сара Симоновска, Благојче Наумоски Бане, Бодан Костов Боц, Марија Степаноска, Мила Јовановиќ, Маја Андонова Јокиќ, Ангела Петрушевска, Ирина Христоска, Јован Терзиоски, Крсте Господиновски, Јана Митровска, Белкис Аксу Челеби, Александар Цветковски и Марија Степаноска.