Со децении, сликите и снимките кои светските медиуми ги пренесуваат од Иран се слики на безредија и протести, запалени знамиња и тензии околу нуклеарното оружје. Стереотипот кој западните гласила го изградија за оваа земја е силен, но токму неговото разбивање е целта на фотографот Hossein Fatemi. Повеќе од 60 проценти од населението во Иран има помалку од 30 години, а во серија фотографии кои ја покажуваат борбата меѓу традиционалното и модерното, Fatemi го претставува токму животот на младите луѓе во оваа земја. Тој е дефиниран од контрастот меѓу строгите и ригидни закони, засновани на тврдокорниот Ислам и стилот на живот кој доаѓа од Западот.

Девојчиња – членки на милицијата Басиџ, задолжена за чување на вредностите на Исламската револуција. Стотици илјади деца и млади се членови на оваа формација.

Девојки танцуваат на забава, откако се напиле по некоја чашка. Луѓе што не се семејно поврзани (мажи или жени) не смеат да се социјализираат на ваков начин во Иран, но многумина го игнорираат законот во приватноста на своите домови.

Тинејџери вежбаат Паркур околу ѕид прекриен со графити во градот Екбатан

Странските медиуми се забранети, но многумина гледаат сателитска телевизија од скриени антени на покривите од зградите.

Девојки, од кои една со фластер на носот, стојат на рид во Техеран. Иран има највисока стапка на корективни операции на нос во светот, а годишно во земјата се прават над 200.000 операции.
![[Галерија] Младите во Иран: живот во контраст](http://www.radiomof.mk/radiomof_backend/wp-content/uploads/2014/01/ir12.jpg)
Чувањето кучиња е забрането со закон, според кој тие се сметаат за „нечисти“ животни. Повеќето луѓе чуваат кучиња тајно, затоа што полицијата ќе им ги одземе ако јавно ги шетаат.
Сите фотографии: Hossein Fatemi/ Panos