Веб сајтот news.distractify.com објави 52 моќни фотографии од жени кои ја промениле историјата засекогаш, со тоа што биле силни, храбри и човечни, без разлика на она што општеството го очекувало од нив. Во продолжение погледнете дел од фотографиите.
Муслиманка ја покрива жолтата ѕвезда ставена на левото рамо на нејзината сосетка Еврејка, за да ја заштити од протерување. Сараево, 1941
Кетрин Швицер стана прва жена која трчаше на Бостонскиот Маратон, и покрај обидите од организаторите да ја сопрат во нејзината намера. [1967]
Жени во Авганистан во јавна библиотека [1950-ти]
Фотографија од Самураи воинка [доцни 1800-ти]
Жена во Шведска која со својата чанта удира неонацист – демонстрант. Жената наводно е една од преживеаните во концентрационите логори.
Марина Гинеста, 17 годишна комунистичка милитантка, пред панорама од Барселона за време на Шпанската граѓанска војна [1936]
Ана Фишер, „првата мајка во вселената“ [1980-ти]
Џен Манфорд маршира со својот геј син за време на Парада на гордоста [1972] Џен подоцна ја формира групата за права „Родители, фамилии и пријатели на лезбејките и хомосексуалците“.
Вини, заварувачката [1943]. Вини e една од 2.000 жени, кои работеле на бродоградилиштата во САД за време на Втората светска војна.
Погледнете ја целата галерија на следниот линк.