Музејот на уметност во калифорнискиот град Лонг Бич, во септември им допушти на улични уметници да насликат се што сакаат на неговите ѕидови, без цензура. Името на проектот е „Виталност и енергија: трансформација на урбаниот пејзаж“.
Извршниот директор на музејот Рон Нелсон, соопшти дека ѕидовите ќе бидат префарбани откако ќе заврши изложбата, која траеше до крајот на септември.
„Една од целите на проектот е да се даде простор на уметниците кои за првпат излегуваат од своите ателјеа за да сликаат на големи површини, користејќи ги надворешни ѕидови како сликарско платно, исто така и урбаните уметници на кои тоа им е првпат тоа да го прават во традиционално опкружување“, изјави Нелсон.
Погледнете дел од нивните дела: