Неверојатните скулптури на луѓе чии делови од тела се „исчезнати“, се дело на францускиот уметник Бруно Каталано кој за вели дека невидливите тела го претставуваат граѓанинот на светот.
Оваа изложба се одржува во Марсеј, од 5 до 30 септември, а има цел да го нагласи статусот на овој град како Европска престолнина на културата во 2013 година. Изложени се десет скулптури на луѓе во природна големина кои се наоѓаат на пристаништето во Марсеј.
53-годишниот уметник Каталано работи како сулптор две децении. Има потекло од Мароко, но со оглед на неговиот живот како морнар, тој е инспириран од чудните парчиња уметност, која често предизвикува минувачите да останат без зборови.