[Галерија] Најдобрите астрономски фотографи за 2022

Џералд Реман е овогодишниот победник на натпреварот за најдобра астрономска фотографија за 2022 година, кој го организира Кралската опсерваторија од Гринич.

На фотографијата насловена „Настан на дисконекција“, прикажана е Кометата Леонард која на 12 декември минатата година поминала најблиску до Земјата и потоа го напуштила Соларниот Систем и никогаш повеќе нема да може да се види од нашата Планета.

„Астрономијата, митот и уметноста се собрани заедно на прекрасен начин во оваа фотографија. Таа има голема вредност за научниците бидејќи елегантно го уловила моментот на дисконекција“, објаснува Имад Ахмед, член на жири-комисијата на овогодишниот натпревар.

Помеѓу другите победнички фотографи во останатите категории се и снимка од кратер на Месечината од Мартин Луис, прекрасниот призор на Млечниот Пат од Лун Денг и неверојатната Сомбреро Галаксија на Уткарш Мишра, Михаел Петраско и Мур Евенден.

Во продолжение погледнете ги сите победнички фотографии по категории:

Севкупен победник – „Настан на дисконекција“ од Џералд Реман

Победник во категоријата „Небо“ – „Ѕвездени игли“ од Зихуи Ху

 

Победник во категоријата „Нашето Сонце“ – „Година во Сонцето“ од Сомајадип Мукреџи

Победник во категоријата „Нашата Месечина“ – „Сенката на источниот раб на кратерот Платон“ од Мартин Луис

Победник во категоријата „Галаксии“ – „Импресивната Сомбреро Галаксија“ од Уткарш Мишра, Мајкл Петраско и Мур Евенден

Победник во категоријата „Луѓе и вселена“ – „Меѓународната вселенска станица транзитира кон месечевата База на спокојството“ од Ендру Мекарти

Победник во категоријата „Аурори“ – „Во прегратките на зелената дама“ од Филип Хребенда

Победник во категоријата „Најдобар дебитант“ – „Мостот Млечен Пат над Големите Снежни Планини“ од Лун Денг

Победник во категоријата „Фотографска иновација“ – „Соларно дрво“ од Полин Вули

Победник во категоријата „Ѕвезди и небули“ – „Божјо око“ од Веитанг Лианг

Победник во категоријата „Млад фотограф“ – „Галаксијата Андромеда, соседот“ од Јанг Ханвен и Жо Зежен