National Geographic неодамна ги објави наградените фотографии на овогодинешниот натпревар за најдобра фотографија направена од дете на возраст меѓу 6-14 години.
Меѓу добитниците има голем број на креативни фотографии кои раскажуваат приказна, а „имаат и уникатна и мирна невиност која децата веројатно најдобро ја разбираат“.
Интернационалиот добитник на првата награда е Деви Багерман од Холандија. Една од неговите награди е и тура во штабот на National Geographic во Вашингтон.
Во галеријата подолу се 14-те наградени фотографи.