Карин Егнер го доби признанието за најдобар фотограф на дивината во 2022 година за нејзината неверојатна фотографија „Вртлог од крила“, која прикажува топка од пчели кои се вртат по жешкиот песок на ранч во Тексас.
Натпреварот го организира британскиот Природно-научен музеј, а оваа година биле пријавени 38.575 фотографии од 93 земји низ светот.
Сите победнички фотографии по категории и оние кои завршија на второ место ќе бидат изложени во Музејот од 14 октомври до 2 јули идната година.
Во продолжение погледнете дел од победничките фотографи за 2022 година:
Целосната листа на наградени и пофалени фотографи од овогодишното натпреварување може да се погледне на следниов ЛИНК.