Клубот Кенел ги прогласи победниците на нивната годишна награда за Фотографи на кучиња. Ова е 13-та година како се организира ова натпреварување поделено во десет различни категории.
Првата награда, (категорија „возрасни кучиња“) и припадна на Моника Ван Дер Меден од Холандија, за сликата на германска дога фотографирана сама во шума.
Второто место (категорија „возрасни кучиња“) го доби Рејчел З. Чечини од Австрија, за фотографијата на кучето спасувач Нило.
Првото место (категорија „кученца“) му припадна на Клаус Дима од Германија за фотографијата на тримесечната Сејлин.
Второ место (категорија „кученца“) припадна на Чарли Нун од САД.
Првото место (категорија „кучиња на работа“) припадна на Трејси Кид од Велика Британија, за фотографијата на група ретривери и шпаниели по тешка целодневна работа.
Второ место (категорија „кучиња на работа“) доби фотографијата на Ричард Лејн од Тарли, англискиот спрингер шпаниел сликан во британска шума.
Прво место (категорија „портрети“) освои Керол Дурант од Велика Британија, за портретот на трите ретривери Кру, Дарси и Пеган.
Прво место (категорија „спасување“) доби Соња Колб од Њу Џерси за нејзиниот портрет на Купер, мешан лабрадор помеѓу неговите нови сопственици.
Прво место (категорија „најдобар пријател на човекот“) за Џоана Матос од Португалија, за нејзината фотографија на Гоџи.
Признание од жири (категорија „портрети“) за Викторија Баранова од Естонија.
Признание од жири за (категорија „кучиња во игра“) за Витли Беј од Велика Британија.