Фотографија на три капки кои непрекинато отскокнуваат и чие однесување ја отсликува една од клучните теории во квантната физика победи на натпреварот за најдобра фотографија на Кралското друштво – британската академија на науките.
Наградата дава признанија на науката и нејзината убавина отсликана преку фотографии.
Кралското друштво на почетокот на 2019 побара од научниците низ целиот свет да испратат фотографии во некоја од категориите: астрономија, однесување, гео наука, климатологија, екологија, микро-фотографии и наука за животната средина.
Quantum Droplets од Aleks Labuda – Севкупен победник, и победник во категоријата микро-фотографии. Овие капки силиконско масло бесконечно потскокнуваат на 15 херци. Површинските бранови кои се генерираат се аналогни на квантно механичките бранови кои ја водат динамиката на квантните честички. Додека капките се движат како квантни честички, тие се однесуваат како квантни бранови.
Twister in the Yukon од Lauren Marchant – Победник во категоријата гео науки и климатологија. Фотографијата е направена во близина на Езерото Клуане, во Јукон, Канада. Прикажува огромен облак во вид на инка. Таквиот облак се формира кога водените капки се црпат од околните места преку ротирачки ветер, што предизвикува регион на многу мал притисок видлив и за голото око на човекот. Најголемиот број торнада почнуваат како вакви „инковидни“ облаци. Сепак, овој облак никогаш не направил контакт со земјата, па не можел да се квалификува како торнадо.
Mudskipper Turf War од Daniel Field – Победник во категоријата однесување. Додека авторот фотографирал чапји во познатите мочуришта Маи По во Хонг Конг, наишол на неверојатен призор каде стотици блатни риби на крајбрежјето влегувале во кратки конфликти за одбрана на територијата.
Halo од Mikhail Kapychka – Победник во категоријата астрономија. Авторот ненадејно забележал необичен месечев „хало“ ефект на ноќното небо и тргнал во шумата на Могилев, Белорусија, за да направи добра фотографија од оваа оптичка илузија. Хало ефектот се појавува на небото кога доаѓа до комбинација на неколку различни фактори. Често се гледа за време на ниски температури во комбинација со висока влажност. Додека во воздухот има голем број кристали на мраз, месечевата или сончевата светлина поминува низ нив и се прекршува на специјални начини, што предизвикува прстен околу Месечината или Сонцето.
Fade to White од Morgan Bennett-Smith – Победник во категоријата екологија и животна средина. Млада риба-кловн во Црвеното Море, се пробива низ белите краци на избелените морски актинии во Тувал, Саудиска Арабија. Додека коралите, кои ги градат гребените, се најчесто директните жртви на ефектот на избелување на коралните гребени, тоа ги зафаќа и другите видови.
Сите фотографиите кои влегоа во финалниот избор за наградите по категории можете да ги погледнете на следниов ЛИНК.