„Essence of Elephants” на јужноафриканскиот фотограф Greg du Toit е најдобрата фотографија од дивиот свет за 2013 година(Wildlife Photographer of the Year) Одлуката беше соопштена вчера во Природонаучниот музеј во Лондон, кога беа прикажани најдобри фотографи од дивината. Еве дел од нив победниците:
Essence of Elephants
Оваа фотографијата е дело на Greg du Toit кој е победникот на овогодинешниот натпревар. Направена е покрај водниот базен во резерват во Јужна Африка додека фотографот се криел.
Mother’s Little Headful
Ова е најдобрата младинска фотографија. Ја направил 14-годишниот Udayan Rao Pawar од Индија кој буквално кампувал во близина на една колонија на крокодили, на брегот на реката Чамбал, а пред зората се сокрил позади карпите.
Flight Path
Оваа фотографија е дело наConnor Stefanison од Канада кој одредено време го следел големиот северноамерикански був женка (Strix varia), која живеела во близина на неговата куќа во Барнаби, Британска Колумбија.
The spat
Joe McDonald од САД со часови чекал на жешкото сонце во бразилското мочуриште и одеднаш здогледал женка јагуар која се симнала да се напие вода. Набрзо потоа се појавил и мажјакот.
Water Bear
Фотографот Paul Souders од САД со чамец пловел по Заливот Хадсон во Канада и по три дена ја здогледал младата женка поларна мечка на подводниот леден гребен, 50 километри оддалечена од брегот.
Sticky Situation
Isak Pretorius од Јужна Африка го доловил моментот кога морската птица „Anous tenuirostris” се заплеткала во мрежата на црвеноножниот златен пајак.
Dive buddy
Фотографијата е на Мексиканецот Luis Javier Sandoval кој вели дека желките се навикнати на луѓето во вода и веруваат дека тие се дел од нивното природно опкружување.
Snow Moment
Холанѓанецот Jasper Doest кој ги снимал познатите јапонски макаки мајмуни во околината на врелите извори во Џигокудан, бил маѓепсан од глетката на загреана пареа и снегулки околу мајмуните кои се грееле во водата.
Тhe Cauldron
ФотографотSergey Gorshkov од Русија заминал кон Плоски Толбачик, еден од двата вулкани на вулканското плато во средиштето на Камчатка, која почнала повторно да исфрла лава на 29 ноември 2012 година. До местото можел да пријде само со хеликоптер.
Lucky Pounce
Connor Stefanisonод Канада ја направил оваа фотографија на оваа лисица која била толку многу сконцентрирана на ловот, што не го забележала фотографот.