Фотографијата „Биг Бенг“ на Арманд Сарланж, на која е прикажана последната фаза на ерупцијата на вулканот Фаградалсфјал во Исланд, е победник на овогодишното натпреварување за најдобри фотографии направени со дрон.
Она што оваа фотографија ја прави уникатна е тоа што ваква снимка преку дрон е многу сложена поради тешките услови за фотографирање директно над вулкан.
Победничките фотографии од сите категории ќе бидат изложени во ноември во Италија на фестивал во Сиена.
Во продолжение погледнете ги победниците во секоја од категориите.

Најдобра фотографија со дрон за 2022 година – Биг Бенг / Арно Сараланж

Победник во категоријата „Урбано“ – Крововите на квартот Картофелрекерн / Серхи Вовк

Победник во категоријата „Дивина“ – Солидарност / Мехди Мохебипур

Победник во категоријата „Спорт“ – Дожд од скијачи / Даниел Косела