Неделава беа прогласени победниците на наградите за „Најдобар фотограф на дивиот свет“ за 2015 година. На конкурсот пристигнале 42.000 фотографии од 96 земји, а Музејот на природната историја од Лондон до крајот на месецов ќе ги изложи победничките фотографии во своите простории.

„Летот на црвениот ибис“ од Jonathan Jagot, победник во категоријата „млади фотографи“ од 15 до 17-годишна возраст

„Скршени мачки“ од Britta Jaschinski. Лавовите се дел од паркот „Seven Star“ во Гуилин, Кина. Тие се чувани во минијатурни кафези, а ноктите и забите им се извадени

„Приказна на две лисици“ од Don Gutoski, победник во категоријата „Цицачи“ и севкупен победник на конкурсот
Извор: Mashable