За многу деца кои вчера се вратија во школските клупи, патот кон училиштето претставува секојдневно ризикување на животот. Во зафрлените предели на планетата, желбата и волјата за образование на овие деца е посилна од опасностите кои демнат на патот кон училиштата. Еве избор на некои од најопасните места во светот, низ кои секој ден мораат да минуваат ученици.
Пет километри по ужасно тесна планинска патека до училиштето во селото Гулу во Кина:
Качување по несигурни скали, Жанг Џиаван, јужна Кина
Пат до школо кој води низ глечери на Хималаите во Занскар, Индија
Ученици поминуваат оштетен висечки мост во Лебак, Индонезија
Деца преминуваат 800 метри преку реката Негро во Колумбија, со помош на челичен кабел
Девојче оди на училиште јавајќи бик во Мјанмар
Школски туктук (моторизирана рикша) во Белдaнга, Индија
Ученици патуваат на покривот на дрвено бротче во Пангуруран, Индонезија
Цело одделение на запрежна кола во Делхи, Индија
Ученици на најопасниот дел од долгиот пат (200 километри) кон интернат во Пили, Кина
Ученик преминува река по мрежа од јажиња во Суматра, Индонезија
И уште еден начин да се премине опасна река – на тракторска гума (Ризал, Филипини)