Светот е полн со напуштени и опустени места кои луѓето ги изградиле и користеле пред да ги препуштат на природата и на забот на времето. Ова е галерија од фотографии на најубавите вакви места:
„Христос од амбисот“, подводна скулптура на Исус во Италија, поставена во 1954
Колманскоп – напуштен рударски град во пустината Намиб
Напуштени куќи на брегот на Атлантикот во југозападна Флорида
Бродот SS Ayrfield во Австралија, претворен во пловечка шума
Недограден забавен парк во близина на Пекинг, кој се протега на 49 хектари и требало да биде најголемиот во Азија
Рибарска колиба на езеро во Германија
Островот Холанд, во Мериленд, САД
Премин низ куќа на пешачката патека Кери во Ирска, долга 214 километри
Украинскиот град Припјат, најблизок до нуклеарната централа Чернобил, во која се случи хаварија во 1986
Тврдината Прабалгад во Индија
Потоната јахта на Антарктик
Централната железничка станица во Мичиген, изградена во 1913, а напуштена во 1988
Патеката за боб од Олимпијадата во Сараево 1984
Напуштеното средновековно село Крако во провинцијата Матера во Италија
Напуштениот споменик на Бугарската комунистичка партија на врвот Бузлуџа
Тунелот на љубовта“ во Клеван, Украина