Меѓународната база на податоци за градби Emporis објави листа на најимпресивните универзитетски згради во светот. На листата се најдоа архитектонски ремек-дела од сите меридијани, од Њујорк до Токио. Погледнете ја галеријата од фотографии од најубавите универзитетски објекти:
Зградата на библиотеката на Националниот автономен универзитет во Мексико. Фасадата е огромен мурал на Juan О’Gorman, кој ја претставува историјата на земјата.
Халата Bradfield На американскиот универзитето Cornell, во Итака, Њујорк: Изградена е речиси без прозорци, за да потсетува на средновековна кула.
Новиот кампус „Luigi Einaldi“ на универзитетот за правни и политички студии во Торино, Италија
Историската библиотека Seeley на универзитетот Кембриџ.
Центарот за дипломци на универзитетот Метрополитен во Лондон, отворен во 2004.
Главната зграда на московскиот државен универзитет Ломоносов, изградена во 1953. Таа е највисоката универзитетска зграда на светот, висока 240 метри.
Кулата Mode Gakuen во Токио, Јапонија е изградена во 2008, а е висока 203 метри. Таа е дом на три различни универзитети.
Филолошката библиотека на универзитетот Freie во Берлин – стаклена сфера во форма на човечкиот мозок .
Центарот за креативни медиуми на Градскиот универзитет во Хонг Конг, дизајниран од американскиот архитект Daniel Libeskind.
Центарот за дизајн на Колеџот за уметност и дизајн во Торонто, Канада.
Зградата Swanston, дел од Кралскиот мелбурнски институт за технологија, кој потроши 600 милиони долари за изградба на нови згради.
Библиотеката на Католичкиот универзитет во Лувен, Белгија, изградена во 1928.
Извор