Ниту една година не може да се нарече „тивка“. Помеѓу граѓанските војни, природните катастрофи и терористичките напади, но и безбројните мигови на убавина и радост, 2013-та не беше исклучок. Еве избор на фотографии од некои од највпечатливите моменти во изминатата година:
Протести на пожарникарите во Белгија – полицајци прекриени со противпожарна пена
Вести за сведочењето на Edward Snowden, кој откри дека американските тајни служби го прислушуваат целиот свет, се прикажуваат на телевизија во Хонг Конг. Сцена од 27-то издание на фестивалот „Burning Man“ во американската држава Невада, кој годинава собра 68.000 посетители Andy Murray, првиот Британец што го освоил Вимблдон по пауза 77 години Поплавите во Европа, најголеми во последната деценија, предизвикаа огромни штети и евакуација на десетици илјади луѓа во Германија, Унгарија и Чешка Економската криза силно ја погоди Северна Ирска. Излог од затворена продавница е насликан за да изгледа како месарница што работи, во гратчето Белку. Властите се обидуваат да му дадат живост на градот, во пресрет на самитот на Г8 кој ќе се одржи во близина Полицаец прска демонстрантка со солзавец за време на протестите во близина на плоштадот Таксим во Истанбул Најголемиот собир на автомобили Lamborghini во историјата се случи во Милано, по повод 50-годишнината од постоењето на компанијата Закопот на Margaret Thatcher во катедралата Свети Павле во ЛондонНовоизбраниот папа Франциско пристигнува на сопствената инаугурација
Погледнете повеќе впечатливи фотографии од 2013 овде.