Националната администрација за аеронаутика и вселена на САД објави 1000 нови фотографии од „Црвената планета“, кои покажуваат дека сепак не е толку црвена.
Фотографиите се направени од Орбитерот „Mars Reconnaissance“ (MRO), кој ротира околу Марс откако беше лансиран во вселената во 2005 година.
Илјадници слики беа испратени до Земјата оттогаш, но многу малку од нив се импресивни колку последната серија.
Неколку фактори, како позицијата на сонцето спрема Марс, позицијата на Марс спрема Земјата и рамноденицата на Марс, се поклопиле за да се создадат совршени услови за фотографирање. Орбитерот успеал да направи вкупно 1035 слики со неверојатно ниво на јасност.