Веројатно малкумина слушнале за Сајмон Бек, но последниве денови неговото име се најде на многу светски медиуми благодарение на уметничките дела кои ги создава врз снегот.
Тој е посебен тип уметник, а делата ги прави врз свежо паднатиот снег по кој чекори со специјални чевли.
Сајмон Бек буквално пешачи со километри за да создаде фасцинантна глетка, дело кое го создава со часови, а кое го снемува со првиот налет на ветрот. Но не се откажува.
Овие прекрасни дела се создадени во подножјето на Мон Блан во Франција.