Со цртање на мурал, оваа година по трет пат се одржа волонтерска активност во рамки на кампањата „Гласно сокаче – Будно чимаче“, во организација на „ФОРУМ 16“.
Од организацијата велат дека со ваквата волонтерска активност имаат за цел да ги променат гласините дека „младите во Битола само пијат кафе на Широк Сокак и ништо не работат“.
„Според тоа, тие често се окарактеризирани како „мрзливи“ и „незаинтересирани за заедницата“. Меѓутоа, со ова се постигнува заедничка работна акција на младите и постарите луѓе за подобруваање на запоставени или игнорирани локации во заедницата и низ низ промоција на атмосфера на вклучување, толеранција и разбирање, истакнуваат од „ФОРУМ 16“.
Муралот бил нацртан на аголот на улиците „Охридска“ и „Др. Трифун Пановски“ , а истовремено биле испишувани позитивни пораки.
Во рамки на кампањата„ФОРУМ 16“ организираше и обука за активисти против гласини, со цел да се разнишаат гласините за младите, кои водат кон креирање на длабоко вкоренети стереотипи во општеството, како и дискриминација.
На обуката се обработувале теми за човекови права, медиумска писменост, стереотипи и предрасуди во медиумите, како и креирање на позитивни алтернативни наративи.