[Галерија] Нова герила акција на ,,Fridays for future” – Младите активисти ги прашаа граѓаните што мислат за климатските промени

Пропаст, загадување, поларните мечки и глобално затоплување, беа дел од поимите на кои граѓани прво помислуваат кога се зборува за климатските промени.

Активистите на скопската иницијатива ,,Fridays for future” денеска преку герила акција на Камениот мост ги прашаа граѓаните што мислат за климатските промени.

Дел се двоумеа дали да се вклучат. Некои не сакаа да споделат свој став, а други пак, се изјаснија дека воопшто не веруваат во климатските промени.

Ваквата акција, велат активистите, е еден начин да ја држат темата актуелна меѓу јавноста, откако Владата препорача да не се организираат јавни собири до 13 март поради коронавирусот.

Текст/Фото: Емилија Петреска