Вчера беше промовирано новото издание на #ТвитерКалендар, иницијативата која преку уметничка фотографија, во кои како модели се појавуваат македонски Твитер корисници, се прибираат средства за хуманитарни цели.
Автор на календарот е фотографот Ѕвонко Плавевски, а парите собрани преку продажба на целиот тираж на календарот ќе бидат донирани за хуманитарни цели. Како модели волонтерски учествуваа твитерџии кои се пријавија на отворен повик.
Првиот #ТвитерКалендар беше објавен во 2013 година, со цел зголемување на јавната свест за ракот на дојката. Календарот за наредната, 2014 година промовираше сексуално образование и родова еднаквост. Календарот за 2017 година пак беше за поддршка на бездомни и сиромашни лица.
Новиот #ТвитерКалендар може да се набави во барот „Котур“ во центарот на Скопје, или директно од иницијаторите. Фотографиите погледнете ги во продолжение: