Францускиот уличен уметник Julien Malland, познат под псевдонимот Seth Globepainter, создава шарена улична уметност на сите страни на светот.
Неговите огромни мурали најчесто прикажуваат деца и секогаш изобилуваат со бои. Malland често соработува со локални уметници, така што неговите мурали се во контекст со животот во одредените места каде слика.
Уметникот од Париз е активен од 90-тите. Има објавено две книги за неговите патувања и уличната уметност. Последната книга, која го носи името Extramuros, опфаќа три години од неговото „сликање по глобусот“ додека патувал и творел во Индија, Кина, Мексико, Индонезија и Виетнам.
Извор: Bored Panda