Коалиција Маргини и оваа година ја продолжува праксата на промоција на квир и феминистичка уметност. Календарот 2020 е колекција на репродукции на уметнички дела од наши уметници, а кои се занимаваат со промоција на културата на маргинализираните заедници.
„За нас е исклучително важно, во еден ваков популарен медиум, да се испромовираат сериозни и квалитетни уметнички содржини, и на тој начин, да ја вметнеме културно-уметничката продукција и пракса како еднакво важно и моќно средство за политичка борба, отпор, и општествена трансформација“, соопштуваат од Коалиција Маргини.
Календарот е достапен за преземање тука.
Уметници кои ги отстапија своите дела се Христина Иваноска, Велимир Жерновски, Зорица Зафировска, Јана Јакимовска, Ѓорѓе Јовановиќ и Самир Љума.
„Коалицијата Маргини се залага за заштита и почитување на основните човекови права на маргинализираните заедници, со фокус на ЛГБТИ луѓето, луѓето кои употребуваат дроги, сексуалните работници/чки, луѓето кои живеат со ХИВ и маргинализираните жени. Коалицијата делува преку застапување, истражувања и анализи, суштинско вклучување на МЗ во креирањето и имплементацијата на политиките, едукација на сите засегнати страни, промоција на културните практики на МЗ, како и вмержување и градење алијанси со граѓанското општество“, соопштуваат од Коалиција.
Календарот 2020 на Коалиција Маргини е реализиран со поддршка на Фондација Отворено општество – Македонија.