Амбициозен нов проект дигитализира стотици илјади фотографии од музеите и приватните колекции низ Русија. Истовремено, уметниците зад проектот ги охрабруваат сите луѓе да ги објават и нивните семејни фотографии.
Онлајн архивата е именувана Russia in Photo, а е соработка меѓу Мултимедијалниот уметнички музеј во Москва и Јандекс, најголемата руска ИТ компанија и интернет пребарувач. Архивата ќе биде објавена и во книга и неколку изложби.