[Галерија] Одличен концерт на Ману Чао во Скопје

Најдоброто од својата балканска турнеја го остави за своите верни фанови во Скопје, свиреше повеќе од 3 часа и ова беше еден од најдобрите концерти годинава. Ману Чао успеа да го наполни лизгалиште, вклучувајќи ги двете трибини, а дека во Скопје има посветени фанови се докажа вчера, преку публиката која ја сочинуваа од најмладите до најстарите. Без оглед на гужвата, посетителите танцуваа на неговите разиграни звуци и уживаа во концертот.

IMG_8885

Концертот започна со песната Say something good to me, а за целосен ефект помагаа и видео анимациите во позадина, но и „мирисот на љубовтa“ кој Ману Чао постојано го пренесувашe со благодарност кон публиката. Она што е карактеристично за него е неговото експериментирање, освен со звуци и со јазици, па на задоволство на публиката испеа и неколку француски песни меѓу кои Je ne t’aime plus.

Некои од песните беа во соработка со членови на Суперхикс, што секако имаше интересно влијание врз публиката. Причината за која овој концерт траеше долго е постојаното повикување на „бис“, а Ману Чао својот концерт го заврши со хитовите Welcome to Tjiuana и Me gustas tu.

Еве дел од атмосферата синоќа на скопското лизгалиште:

IMG_8924

IMG_8905

IMG_8876

IMG_8843

IMG_8867

IMG_8940Сара Миленковска