Над 8500 тркачи од повеќе од 47 земји од светот ги исполнија скопските улици долж рутата на осумнаесеттиот по ред Скопски маратон. Годинава, маратонот започна во 8 часот наутро, а крајот на сите трки беше на традиционалното место на завршување на маратонот – Плоштад „Македонија“.
Онесмус Киплимо Каплагат е победник во машката конкуренција, додека во женската категорија, прва до целта стаса Кетрин Черотич.
Второто место во машка категорија го освои Дарио Ивановски, а трет до целта стигна Никола Илиевски. Второпласирана во женската категорија е Билјана Киранџиева, додека на третото место се најде Тамара Попов.
„Скопскиот маратон од година во година, сè повеќе ја зголемува свеста за улогата на трчањето и спортувањето во оддржувањето на здравјето, а доказ за тоа се сè почестите тркачи низ улиците кои тренираат и се подготвуваат за маратонот во текот на целата година, како и бројот на годинешните учесници кој надмина 8500. На ниво како светските маратони, – и оваа година во утринско расположение, асфалтот низ Скопје и оваа година трепереше од чекорите на тркачите, кои доаѓаат од Македонија, но и од многубројни земји од целиот свет. Им упатувам искрени честитки на сите победници на сите трки, како и на сите учесници и волонтери на 18тото издание на Виз Ер Скопски маратон“, изјави Кире Синадиновски, директор на „Виз Ер“ Скопски маратон.
Во машка конкуренција од македонските натпреварувачи, прв до целта стигна Дарио Ивановски со време од 02:23:07, второто место му припадна на Никола Илиевски со време од
02:43:28, додека на третото место заврши Миле Бачески со време од 02:45:29.
Од женските претставници на Македонија, првото место го освои Билјана Кираџиева со време од 03:04:49, второто место и припадна на Тамара Попов со време од 03:23:00, а на
трето место заврши Весна Кираџиева со време од 03:44:09.