И покрај постојаното алармирање за лошите услови во кои живеат студентите во домот „Гоце Делчев“, надлежните институции никако да ја стават обновата на домот меѓу приоритетите. Членовите на студентската иницијатива „Операција студентски дом“, кои живеат во „Гоце“ објавија фотографии кои го илустрираат нивното секојдневие во руинираниот дом.
„На времето се пишувало за бруталната бетонска архитектура на домот, денес за бруталните услови на (не)живот во него!“, велат студентите.
Фотографиите ги пренесуваме од Фејсбук-страницата на студентската иницијатива, заедно со оригиналните појаснувања.

Како изгледаат собите при вселувањето. Сиот товар на поправки за минимално опремување одат на наш грб, молерисување, крпење дупки по ѕидови, полици, масички, столови итн., велат студентите.